ООУ „Браќа Миладиновци“ подготвено ја започна новата учебна година

ООУ „Браќа Миладиновци“ новата учебна година ја дочека подготвено, со подобрени услови за учениците и унапредена училишна инфраструктура. Во изминатиот период беа реализирани повеќе активности насочени кон создавање современа, функционална и пријатна средина за учење.
Реновирана спортската сала „Гоце Делчев“

Општина Илинден целосно ја реновираше спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, со што објектот доби современи, функционални и побезбедни услови за спортистите, младите и сите љубители на спортот.
Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 02.09.2026 год. (среда) со почеток во 22:30 часот, ќе се изврши четвртото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.
Општина Илинден со зголемен број првачиња во новата учебна година

Со нови училишни ранци, насмевки и возбуда, започна новата учебна година во училиштата на територија на општина Илинден.
Општина Илинден започна со изградба на нов парк во н.м Миладиновци

Општина Илинден продолжува со континуирано уредување и унапредување на јавниот простор, создавајќи современи, функционални и пријатни места за одмор, рекреација и дружење на граѓаните. Во таа насока започната е изградба на нов парк во населеното место Миладиновци, кој ќе биде уште едно уредено зелено катче наменето за сите генерации.
Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во м.в. Јака, Марино

Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во месноста викана Јака, во населеното место Марино. Станува збор за значаен инфраструктурен проект, кој за првпат обезбедува објект од ваков вид на територијата на oпштина Илинден.
Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“

Општина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината.
ООУ „Ристо Крле“ подготвено за новата учебна година

Во насока на континуирано подобрување на условите за воспитно-образовниот процес и создавање современа, функционална и пријатна средина за учениците, во ООУ „Ристо Крле“ во изминатиот период беа реализирани повеќе активности за уредување и опремување на училишните простории и дворот.
Во општина Илинден се одржа 12. турнир во мал фудбал во н.м Мршевци

Пред огромен број љубители на спортот, на спортскиот терен во населеното место Мршевци, се одржа дванаесеттиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2026“. На турнирот оваа година учествуваа 32 екипи, кои се натпреваруваа во осум групи.
Општина Илинден продолжува со реконструкција на ул. „9“

Општина Илинден со засилено темпо продолжува со активностите за реконструкција на улица „9“ во населено место Илинден. Значаен инфраструктурен проект со кој ќе се модернизира една од главните сообраќајни врски, која секојдневно ја користат голем број граѓани.