Ве известуваме дека почнувајќи од утре 01.10.2026 година ( четврток ) и во наредните денови петок и сабота, со почеток од 9 часот ќе се изведуваат градежни работи за поставување на втор слој асфалт на улица „9“ на потегот од Халк банка до кружниот тек во Илинден.
За таа цел улицата ќе биде етапно затворена за сообраќај и ќе има поставено сообраќајна сигнализација за пренасочување на сообраќајот кон алтернативни улици.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.