Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Асфалтирани пристапните патишта до гробиштата во Мралино и Кадино

Асфалтирани пристапните патишта до гробиштата во Мралино и Кадино

Градежната офанзива во Општина Илинден продолжува со реализација на проектите за подобрување на локалната патна инфраструктура, при што целосно се реконструирани и асфалтирани пристапните патишта до гробиштата во населените места Мралино и Кадино.

Во Мралино е извршена санација и асфалтирање на пристапниот пат до локалните гробишта во должина од околу 500 метри. Додека во Кадино е реконструиран и асфалтиран дел од пристапниот пат со должина од околу 100 метри. Со реализацијата на овие активности, жителите добиваат полесен, побезбеден и поквалитетен пристап до гробиштата, но и до околните објекти, имоти и земјоделски парцели.

Увид во асфалтирањето изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој посочи дека проектите се финансирани во целост од општинскиот буџет и се реализираат согласно барањата и потребите на жителите од овие населени места.

Општина Илинден во изминатиот период реализираше повеќе проекти за реконструкција, санација и унапредување на локалните улици и патишта во сите населени места, а активностите ќе продолжат и во наредниот период, со цел подобрување на условите за одвивање на сообраќајот и унапредување на локалната патна инфраструктура.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email