Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Асфалтирани две улици во населеното место Текија

Асфалтирани две улици во населеното место Текија

Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта, Општина Илинден спроведе активности за асфалтирање на две улици во населеното место Текија, во вкупна должина од околу 300 метри, со цел подобрување на условите за движење и пристап на жителите.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во асфалтирањето и истакна дека со реализацијата на овој инфраструктурен проект се подобруваат условите за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и пристапноста до домовите и останатите објекти за жителите на ова населено место.

„Општина Илинден во изминатиот период изврши низа проекти за реконструкција и санација на локални улици и патишта, во согласност со утврдените приоритети и потребите на граѓаните од сите населени места.“ – истакна градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти насочени кон унапредување на локалната патна мрежа, подобрување на условите за одвивање на сообраќајот и обезбедување поголема безбедност и пристапност за сите граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email