Општина Илинден продолжува со чистење на дивите депонии

Општина Илинден продолжува со спроведување активности за расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на својата територија, при што во соработка со Центарот за климатски промени, започна акција за отстранување на несоодветно одложениот отпад на локација во месноста Јурија во н.м Илинден.
Се зголемува капацитетот на детската градинка „Гоце Делчев“

Општина Илинден започна со реализација на проектот за пренамена на постојната кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, со што ќе се обезбедат дополнителни простории за престој и згрижување на дечињата.
Општина Илинден започна со реконструкција на локалниот пат Илинден – Јурумлери

Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на локалниот пат Илинден – Јурумлери, значаен инфраструктурен зафат со кој ќе се подобри сообраќајната поврзаност со соседните општини Петровец и Гази Баба.
Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Општина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕ

Се известуваат корисниците од улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 24, 26, 28, 30, 32, 34, 35 и 36 во н.м.Илинден, односно од влезот на н.м.Илинден до кружниот тек во н.м.Илинден, н.м.Пуста Кула и економските зони во н.м.Илинден дека на ден 19.08.2026 година (среда) ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради изведување на активности […]
Домот на културата во Текија добива нов, современ изглед

Општина Илинден интензивно продолжува со реализацијата на програмата за реконструкција и уредување на домовите на културата, со цел создавање современи, функционални и пријатни простори за жителите. Во рамките на оваа значајна иницијатива, започна целосната реконструкција и санација на Домот на културата во населеното место Текија.
Општина Илинден е во завршна фаза со изградбата на новиот плочест мост и сервисната улица „500“ во Марино

Општина Илинден е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е […]
Општина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладите

Општина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование.
Прашалник за изготвување на Студија за гасификација на општината

Почитувани, Општина Илинден работи на изготвување на Студија за гасификација на општината.
ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на A1-домување во станбени куќи со компатибилни класи на намени: Б1, В1, Д3

ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на A1-домување во станбени куќи со компатибилни класи на намени: Б1, В1, Д3 Објавата преземете ја овде: ЛИНК (PDF)