Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Продолжуваат активностите за унапредување на локалната патна инфраструктура

Продолжуваат активностите за унапредување на локалната патна инфраструктура

Општина Илинден интензивно продолжува со реализација на активностите за реконструкција, рехабилитација и изградба на локалната патна инфраструктура, во согласност со утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што е извршено асфалтирање на дел од улица „3“ во н.м Дељадровци, во вкупна должина од 350 метри.

„Продолжуваме со реализација на проекти кои се од директно значење за граѓаните и за подобрување на условите за живеење во сите населени места. Реконструкцијата на локалните улици е еден од нашите приоритети, а и во наредниот период ќе продолжиме со санација и унапредување на патната инфраструктура, согласно потребите и приоритетите на граѓаните“, истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во тековните активности.

Општина Илинден останува посветена на рамномерен развој и подобрување на условите за секојдневно одвивање на сообраќајот, унапредување на локалната патна мрежа и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email