Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Над 1000 учесници на првата улична атлетска трка „ILINDEN LIFE RUN“ во општина Илинден

Над 1000 учесници на првата улична атлетска трка „ILINDEN LIFE RUN“ во општина Илинден

Во Општина Илинден денеска успешно се одржа првата улична атлетска трка „ILINDEN LIFE RUN“, спортски настан кој ги обедини љубителите на трчањето и рекреацијата. Стартот и финишот на трките беа поставени пред Домот на култура „Илинден“, додека натпреварувачите трчаа по обезбедена и означена патека низ населените места Илинден, Марино и Кадино.

Во рамки на првото издание на „ILINDEN LIFE RUN“ учествуваа околу 1000 учесници, од кои 600 учесници во категориите за возрасни и 400 учесници во детските категории. Се трчаше на 5 и 10 километри, штафета 2×5 километри, како и детски трки на 100, 200, 400 и 600 метри.

Наградите на најуспешните учесници ги додели градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека одржувањето на ваков настан е значаен придонес кон промоцијата на спортот и здравите животни навики во локалната заедница.

„Горди сме што Општина Илинден е домаќин на еден ваков спортски настан. Нашата цел е спортот и рекреацијата да бидат што повеќе присутни во секојдневието на нашите граѓани, а особено ни е драго што во трката беа вклучени и најмладите. Верувам дека „ILINDEN LIFE RUN“ ќе прерасне во традиционален спортски настан “, порача градоначалникот Георгиевски.

Во категоријата на 5 км жени првото место го освои Дарија Крстевска од Македонија, второ месо за Умеја Богучанин од Србија, и трето место за Радостина Балова од Бугарија. Во категорија на 5 км ,ажи прво место освои Иво Балабанов од Бугарија, второ место за Марко Мрљес од Србија и трето место за Каид Коча од Србија.

Во категорија на 10 км жени прва до целта стигна Маринела Нинева од Бугарија, втора беше Греса Бакрачи од Косово и трета беше Адријана Поп Арсова Рашиќ од Македонија. Во категоријата на 10 км мажи прво место освои Алдин Чатович од Србија, второ место за Сергеј Костич од Србија, и трето место за Муксаид Мислими од Македонија.

Во екипните категории жени прво место освои екипата на Еуреки, второ месо за Спид систерс, трето место за екипата на Церици. Во машка категорија први до целста стигна екипана на Нови Пазар од Србија, втори стигнаа АК Скопски Маратон Бутел и трети се АЦ Атомич. Во мешана категорија мажи и жени прво место за екипата Софија, второ место за АК 7ми Ноември Гевгелија и трето место за екипата на Power couple. Медали беа доделени и на детските категории во трчање на 100, 200, 400 и 600 метри.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email