Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Нова механизација за подобри комунални услуги во Општина Илинден

Нова механизација за подобри комунални услуги во Општина Илинден

Во насока на унапредување на комуналните услуги и зголемување на ефикасноста во работењето, Општина Илинден набави нова приклучна опрема и механизација за работна машина – трактор, наменета за потребите на ЈКП „Илинден“.

Новата опрема ќе овозможи тракторот да се користи за повеќе различни активности во текот на целата година. Инсталирана е хидраулика за приклучната механизација, плуг и соларка за одржување на патиштата во зимски услови, четка за метење улици за поефикасно одржување на јавно-прометните површини, дополнителен плуг за заорување на противпожарни појаси, подготовка на површини при пошумување и реализација на акции за садење дрвца, како и приколка за транспорт на растителен и комунален отпад и за превоз на различни материјали за потребите на претпријатието.

Со новата опрема значително ќе се зголемат оперативните капацитети на јавното комунално претпријатие и ќе се овозможи побрзо, поефикасно и поквалитетно извршување на услугите за граѓаните од сите населени места на општината.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email