Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2026“ кој се одржуваше во Општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Илинден, Марино и Кадино. Турнирот годинава беше навистина масовен, каде учествуваа околу 222 фудбалски екипи од 13 европски земји, како и екипи од 17 градови од Македонија.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно организаторите од фадбалската школа „Гроздановски“ ги доделија наградите и пехарите на најдобрите екипи.
Екипите беа поделени во шест категории, така што во категоријата на деца од 2014 година првото место го освои „Аполон“(Србија), второ место за „Слога Добој“ (Босна и Херцеговина) и третото место за „Еуроспорт“ (Македонија).
Во категоријата на деца од 2015 година првото место им припадна на „Парк“ (Македонија), второ место за „Борец Јуниор“(Македонија) и трето место за „Форца“ (Македонија).
Во категоријата на деца од 2016 година првото место е за „Хагон“ (Германија), второ место за „Александро“ (Македонија) и трето место за „Црвен звезда“ (Србија).
Во категоријата на деца од 2017 година првото место го освои екипата на „Црвена звезда“ (Србија), второто место за „Национал“ (Бугарија) и третото место за „Аеродром“ (Македонија).
Во категоријата на деца од 2018 година прво место за „Динамо Загреб“(Хрватска), второ место за „Андерлехт“ (Белгија), екипата на „Војводина“ (Србија).
Во категоријата на деца од 2019 година прво место освои екипата на „Еуроспорт“ (Македонија), второ место за „Биџо“ (Македонија) и трето место за екипата на „Партизан Драчево“ (Македонија).
„ИЛИНДЕН КУП 2026“ е во организанизација на Фудбалската школа „Гроздановски“ а под покровителство на Општина Илинден. На терените во Илинден, Марино и Кадино изминатите три дена публиката и љубителите на фудбалот имаше можност да проследи интересни фудбалски дуели, детски натпревари, но и атрактивни посериозни маневри со топка и професионални потези.