Општина Илинден започна со реализација на активности за санација на две улици во населеното место Текија, во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.
Со проектот се опфатени две улици со вкупна должина од околу 300 метри, со цел подобрување на условите за движење и пристап на жителите на ова населено место.
На терен изврши увид во градежните активности градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека санацијата е реализирана согласно барањата и потребите на жителите на Текија. Тој нагласи дека Општината и во претстојниот период ќе продолжи со реализација на проекти за реконструкција и санација на улици и патишта, во согласност со утврдените приоритети и потребите на граѓаните.
Преку овие активности, Општина Илинден продолжува со унапредување на локалната патна инфраструктура, создавање подобри услови за секојдневно одвивање на сообраќајот и зголемување на безбедноста и пристапноста за сите учесници во сообраќајот.