Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Започна реконструкцијата на пристапниот пат до гробиштата во н.м Кадино

Започна реконструкцијата на пристапниот пат до гробиштата во н.м Кадино

Општина Илинден започна со реконструкција на пристапниот пат до гробиштата во населеното место Кадино, во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.


Со проектот е предвидена целосна санација на дел од патот во должина од околу 100 метри, со што ќе се подобрат условите за пристап и движење на жителите.

Увид во тековните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој посочи дека со реализација на овој проект се одговара на конкретно барање на жителите од Кадино, како и дека согласно утврдените потреби и приоритети, ќе се реализираат проекти за реконструкција и санација на повеќе улици и патишта на територијата на општината и во наредниот период.

Со овие активности Општина Илинден продолжува со вложувањата во подобрување на патната инфраструктура, олеснување на секојдневното одвивање на сообраќајот во сите населени места и унапредување на безбедноста и пристапноста за сите учесници во сообраќајот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email