Општина Илинден продолжува со чистење на дивите депонии

Општина Илинден продолжува со спроведување активности за расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на својата територија, при што во соработка со Центарот за климатски промени, започна акција за отстранување на несоодветно одложениот отпад на локација во месноста Јурија во н.м Илинден.
Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 06.08.2026 год. (четврток) со почеток во 22:30 часот, ќе се изврши третото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.
Општина Илинден инвестира во современа механизација и професионална опрема за поефикасни комунални услуги

Општина Илинден, продолжува со инвестиции во нова современа механизација и професионална опрема, со цел унапредување на квалитетот на комуналните услуги, подобрување на условите за работа на вработените и поефикасно одржување на јавните површини и инфраструктурата.
Општина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели

Општина Илинден продолжува со реализација на мерките за поддршка на граѓаните преку унапредување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, успешно беше реализиран Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели.
Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 08.07.2026 год. (среда) со почеток во 22:30 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.
Општина Илинден започна иницијатива за примарна селекција на пластичен отпад

Во насока на заштита на животната средина и развој на одржливите практики за управување со отпад, Општина Илинден, во соработка со Центарот за климатски промени и ЈКП Илинден, започна со воспоставување систем за примарна селекција на пластичен отпад.
Општина Илинден изврши агрохемиска анализа на обработлива почва

Градоначалникот на Општина Илинден, м-р. Александар Георгиевски оствари работна средба со деканот на Замјоделски факултет проф. др. Миле Маркоски. На средбата се разговараше за Извештајот од извршените анализи на почвени проби кои што се земаа од неколку локации на територија на општината, во насока на поддршка и развој на земјоделството.
Одржана редовна седница на Штабот за заштита и спасување на Општина Илинден

Во Општина Илинден се одржа петтата редовна седница на Штабот за заштита и спасување, со која претседаваше командантот на Штабот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во врска со објавениот Јавен повик за доделување еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2026 година за жителите на Општина Илинден објавен на ден 18.05.2026 година, се констатира дека предвидените финансиски средства за јавниот повик се исцрпени поради што согласно точка 5.5 Јавниот повик за доделување на еднократна парична […]
Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 09.06.2026 год. (вторник ) со почеток во 22:30 часот, ќе се изврши првото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци. Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Илинден за 2026 […]