Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Општина Илинден продолжува со активности за чистење и одржување на каналската мрежа

Општина Илинден продолжува со активности за чистење и одржување на каналската мрежа

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали, со цел подобрување на протокот на атмосферски води, намалување на ризикот од поплави и заштита на животната средина.

Во изминатиот период извршено е машинско чистење на главниот одводен канал што минува низ централниот дел на населените места Илинден и Марино, во должина од 5.000 метри, како и чистење на ободниот канал на потегот од локалната зона Карагач кон Меѓународниот аеродром Скопје, во должина од 3.800 метри.

Заклучно со овие активности, на подрачјето на Општина Илинден се исчистени вкупно 26.800 метри канали и речни корита, со што е надмината првично предвидената должина од 24.250 метри и се остварени повеќе од планираните активности за чистење на каналската мрежа.

Во наредниот период ќе продолжат активностите со дополнителни 4.000 метри чистење на коритото на Сува Река, на потегот Миладиновци – Бујковци, како и 1.000 метри на потегот Текија – Дељадровци.

„Со оглед на високото ниво на подземни води, редовното одржување на каналската мрежа овозможува непречен проток на атмосферските води, превенција од појава на поплави и зачувување на чиста и здрава животна средина, што е предуслов за квалитетен живот на граѓаните“, нагласи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со континуирано одржување и унапредување на каналската мрежа, со цел зголемување на безбедноста, заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email