Општина Илинден дел од еколошката акција „Генералка викенд“

Општина Илинден и оваа година активно се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“, која се реализира со цел подигнување на јавната свест за значењето на чистата и здрава животна средина. Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, општинската администрација, јавните комунални претпријатија, учениците и вработените од општинските училишта, како и голем број […]
Општина Илинден објавува јавен повик за субвенционирање на велосипеди

Општина Илинден и оваа година објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година. Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на територијата на општината, а кои ќе набават нов велосипед во […]
Општина Илинден продолжува со чистење на речните корита

Општина Илинден продолжува со засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита на својата територија, со цел зголемување на проточноста и намалување на ризикот од поплави. Во изминатиот период беше реализирано чистење на коритото на Сува Река, на потегот од вливот на „Бучинско езеро“ до излезот од населеното место Бучинци, […]
Успешно спроведена акцијата „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден успешно ја реализираше обемната акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во текот на активностите, на повеќе локации беа засадени повеќе од 600 садници од различни видови, со цел унапредување на квалитетот на воздухот, заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на граѓаните. Акцијата беше спроведена со […]
Одржана четвртата седница на советот за превенција

Во рамки на подобрување на јавната безбедност на територија на општина Илинден, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со претставници од надлежни институции, ја одржа четвртата редовна седница на Локалниот Совет за превенција. На седницата, претставникот на Министерството за внатрешни работи, во својство на член на Советот, го презентираше извештајот со статистички показатели за […]
Општина Илинден продолжува со заштита на животната средина преку чистење на каналската мрежа

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали на територија на општината, при што во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река, на потегот од населеното место Миладиновци кон Текија и Дељадровци досега е исчистен дел во должина од 2.500 метри. Заклучно со овој […]