Општина Илинден континуирано спроведува активности за уредување и разубавување на јавните простори, со цел создавање попријатна, поуредена и позелена животна средина за сите граѓани.
Во рамки на овие активности, во соработка со општествено одговорната компанија „Атлантик Група“, реализирана е акција за хортикултурно уредување и зазеленување на кружниот тек во населеното место Илинден, при што се засадени повеќе видови декоративни растенија, меѓу кои зимзелени садници, украсни грмушки и лаванда, со што просторот доби нов, уреден и естетски изглед.
Значаен придонес во реализација на активностите за зазеленување и уредување на јавните површини има и општествено одговорната компанија „КАЗ Груп“, која преку континуирани донации и долгогодишна соработка со Општина Илинден активно придонесува кон создавање поубава, поуредна и позелена животна средина.
Ваквите активности се дел од континуираните заложби на Општина Илинден за унапредување на урбаното зеленило и одржување на јавните површини, а преку ваквите заеднички иницијативи се потврдува значењето на соработката меѓу локалната самоуправа и бизнис-секторот.