Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Општина Илинден продолжува со чистење на дивите депонии

Општина Илинден продолжува со чистење на дивите депонии

Општина Илинден продолжува со спроведување активности за расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на својата територија, при што во соработка со Центарот за климатски промени, започна акција за отстранување на несоодветно одложениот отпад на локација во месноста Јурија во н.м Илинден.

На терен е ангажирана соодветна механизација и човечки ресурси, а активностите за расчистување ќе продолжат и во наредните неколку недели. Целта на активноста не е само отстранување на отпадот, туку и целосно уредување и оплеменување на просторот.
По завршување на расчистувањето, предвидено е локацијата постепено да се уредува, со што запуштениот простор ќе добие нова вредност и ќе придонесе за почиста, поуредна и поодржлива животна средина за локалното население.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со активности за отстранување на дивите депонии и уредување на простори од јавен интерес, со цел создавање почиста и поодржлива средина за сите граѓани.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email