Во општина Илинден успешно реализирани интерактивни едукативни обуки

Општина Илинден, во соработка со Волонтерски Центар Скопје, реализираше серија интерактивни едукативни обуки наменети за различни категории граѓани. Активностите беа насочени кон унапредување на знаењата и вештините во повеќе значајни области, меѓу кои социјална и финансиска едукација, врсничко образование, родова еднаквост, недискриминација и јакнење на капацитетите на граѓанските организации.
Денови за спорт на младите

Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“.
Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“

Во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден се одржа свечена приредба по повод испраќање на генерацијата дечиња кои од септември ќе ги започнат своите први училишни денови. Преку богата музичко-сценска програма, исполнета со песна и танц, дечињата ги претставија знаењата и вештините стекнати во градинката, испраќајќи порака на благодарност до своите воспитувачки и негувателки за […]
Во Општина Илинден се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“

Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. […]
Општина Илинден и оваа година домаќин на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“

Под покровителство на Општина Илинден, и оваа година ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, традиционална културна манифестација која ги обединува љубителите на фолклорот, музиката и народната традиција. Настанот ќе се одржи на 28 мај 2026 година (четврток), во Домот на култура „Илинден“ во н.м Илинден, со богата програма исполнета со музика и традиционални […]
Успешно реализирана овогодинешната литературна манифестација „Денови на културата“

Со свечена централна манифестација што се одржа во Домот на култура „Илинден“, Општина Илинден успешно го заокружи тридневното културно збиднување „Денови на културата 2026“, кое и оваа година обедини бројни љубители на литературата, уметноста и културното творештво. На завршната вечер, пред многубројната публика, се обрати покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој […]
„Експедиција низ срцето на Илинден 2026“ обедини стотици велосипедисти и планинари

Во Општина Илинден и оваа година успешно се реализираше традиционалниот спортско-рекреативен настан „Експедиција низ срцето на Илинден“, кој прераснува во препознатлива манифестација што обединува стотици љубители на спортот и природата од целата држава. Настанот, во организација на МТБ Илинден, а под покровителство на Општина Илинден, годинава евидентираше над 300 велосипедисти и повеќе од 150 планинари, […]
Општина Илинден во фокусот на регионалниот економски развој со „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“

Регионалниот саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“ со голем успех се реализира во општина Илинден и денес го заокружува тридневното издание, оставајќи силен впечаток како еден од најзначајните економски настани во регионот. Спортската сала „Гоце Делчев“ беше центар на интензивни деловни активности, каде над 70 компании од различни стопански сектори: индустријата, градежништвото, земјоделството, туризмот, […]
Потпишан меморандум за одржување на вториот регионален економски саем во Општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и компанијата „Панекс експо“ ДООЕЛ и годинава потпишаа меморандум за соработка, со кој официјално се потврдува организацијата на „Експо Илинден 2026“. Со овој меморандум се продолжува успешната соработка меѓу Општината и Панекс експо, со што втора година по ред ќе се одржи овој регионален економски саем чија цел е […]
Во општина Илинден светиот крст кај Марио Димитријевски

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број […]