Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Општина Илинден започна со реконструкција на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Општина Илинден продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и создавањето современи услови за спорт и рекреација во сите населени места. Во рамки на Програмата за реконструкција на спортски игралишта, започна реконструкцијата на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што граѓаните ќе добијат безбеден и функционален простор за спортски активности.

Нови линии улично осветлување на повеќе локации

Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри.

Општина Илинден пушти во употреба ново детско игралиште во н.м Марино

Во рамки на заложбите за унапредување на условите за квалитетен раст, развој и безбедно детство, Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на јавниот простор, при што деновиве во употреба беше пуштено ново современо детско игралиште во н.м Марино.

Комплетно асфалтирана улица „111“ во месноста Јака

Општина Илинден успешно го реализираше проектот за изградба на улица „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино, со што е завршен уште еден значаен инфраструктурен зафат насочен кон подобрување на условите за живот на граѓаните.

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на локалната патна мрежа. Во рамки на активностите, денес беше започнато асфалтирање на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино.

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „111“ во м.в Јака – Марино

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура, при што деновиве започна реконструкцијата на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино. Улицата е во вкупна должина од 550 метри и широчина на коловозот од 6 метри и изградба на тротоари со широчина од по 1,5 метри, со што […]

Комплетно завршено асфалтирањето на улица „103“ во м.в Јака

Во Општина Илинден со засилено темпо продолжуваат инфраструктурните зафати. Со асфалтирање на вториот и завршен слој, улицата „103“ е комплетно завршена и подготвена за користење. Станува збор за современо изведена улица со должина од 512 метри и широчина од 6 метри, проектирана по највисоки стандарди, со тротоари од двете страни во широчина од по 1,5 […]

Бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во н.м Марино

Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот современ урбан парк-плоштад во н.м Марино. Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и […]

Отпочна изградбата на улица „103“ во Јака

Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, се отпочнаа градежните работи за изградба на улица „103“ во населба Јака, во вкупна должина од 512 метри, тротоари од двете страни на улицата од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот. […]