Општина Илинден започна со изградба на сервисна улица „1“ во Јака

Општина Илинден продолжува со засиленото темпо на инфраструктурни проекти, а најнов проект за урбан развој е изградбата на сервисната улица „1“ во Јака. Проектот, кој деновиве официјално започна со градежни активности, претставува значаен чекор во подобрување на локалната патна мрежа.

Општина Илинден започна со изградба на нов мост и сервисна улица „500“ во н.м Марино

Општина Илинден официјално започна со реализација на еден од своите капитални инфраструктурни проекти – изградба на нов плочест мост и сервисна улица „500“ во населеното место Марино.

Поврзување на колекторскиот систем Илинден-Марино со препумпен уред

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за изградба на спој на колекторскиот систем на фекална канализација кој минува низ населените места Илинден и Марино со препумпен уред.

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Драго Маневски, македонски бранител и припадник на безбедносните сили

Пред споменикот на припадникот на македонските безбедносни сили Драго Маневски,  со положување свежо цвеќе денеска беше одбележана 23-та годишнина од смртта на нашиот сограѓанин кој го положи животот во борба за татковината.

Асфалтирање на дел од улица „9“ и дел од улица „532“

Во рамки на активностите за реконструкција на дел од улиците „9“ и “532“ во Марино, се врши завршно асфалтирање на коловозот со втор асфалтен слој, како и работи на уредување со бекатон плочки на пешачката патека покрај улицата од едната страна и асфалтирање на тротоар од другата страна на улицата.