Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Градежна офанзива во Општина Илинден – асфалтирани шест улици во четири населени места

Градежна офанзива во Општина Илинден – асфалтирани шест улици во четири населени места

Општина Илинден продолжува со силна градежна офанзива и интензивни инвестиции во модернизација на локалната патна инфраструктура. Успешно е завршено асфалтирањето на шест улици во населените места Илинден, Мршевци, Марино и Кадино, во вкупна должина од околу 1.100 метри.

Во Илинден се асфалтирани улица „11“ и крак на улица „8“, во Мршевци улица „4“, во Марино два крака од улица „531“, како и крак од улица „7“ во Кадино.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во асфалтирањето и истакна дека општината продолжува со засилена динамика на инфраструктурни инвестиции, со јасна цел за модерна патна мрежа, рамномерен развој и подобри услови за живот во секое населено место.

Со реализацијата на овие инфраструктурни проекти значително се подобруваат условите за сообраќај, се зголемува безбедноста и се обезбедува поквалитетно секојдневие за жителите.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email