Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Општина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.

Градоначалникот на Општина Илинден при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и заштита на целиот спортско-рекреативен простор.

Фудбалскиот терен е целосно обновен на површина од 924 м², поставена е нова вештачка трева, два нови гола и заштитна мрежа зад головите, со што се создадени значително подобри услови за игра, тренинг и рекреативни активности.

Целосна реконструкција е извршена и на кошаркарскиот терен, кој се протега на површина од 436 м², каде се поставени нови ПП пластични плочки, а заменети се и двете кошаркарски табли и двата обрачи.

Во рамки на уредувањето на спортскиот комплекс, поставена е и нова пластифицирана заштитна мрежа и нова панелна 2Д заштитна мрежа на површина од 132 м².

Со реализацијата на овој проект, Марино доби целосно обновен спортско-рекреативен простор со современи услови за фудбал и кошарка, наменет за активностите и потребите на сите генерации.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email