Подобрување на сообраќајната сигнализација
Деновиве на повеќе локации во општина Илинден извршено е поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Во тие рамки се реализира проектот за подобрување на сообраќајната сигнализација на постојните улици во општина Илинден.
Во СОСУ „Илинден” се спроведува проект за напредно машинско учење во средното образование
Во организација на Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден заедно со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во просториите на СОСУ Илинден во Општина Илинден, се одржа Multiplier Event „BEST PRACTICE IN TEACHING ML & DS IN VET“ во рамките на проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education…
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат граѓаните на општина Илинден дека на ден вторник 21.12.2021 година, улицата „532” во н.м Марино, ќе биде затворена за сообраќај, поради изведба на градежни активности (асфалтирање). Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот да ги користат алтернативните улици и патишта.