Интензивно се гради колекторскиот систем за фекална канализација Илинден-Марино
Општина Илинден интензивно работи на реализација на капиталниот проект за изградба на колекторски систем во должина од 5000 метри, покрај Главниот отворен канал, којшто минува низ населените места Илинден и Марино, што ќе ги зафати отпадните фекални води што се испуштаат во одводниот канал.
Градоначалникот Александар Георгиевски оствари средба со словенечкиот амбасадор Милан Предан
Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Милан Предан. На средбата што се одржа во словенечката амбасада градоначалникот Георгиевски ја искористи можноста да го запознае словенечкиот амбасадор со реализацијата на тековните проекти во општина Илинден, презентирајќи му ги економските потенцијали на Општината и можноста за привлекување…
Од почетокот на годината исчистени 4.000 метри од каналската мрежа
Редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали e еден од приоритетите на Општината во насока на овозможување непречен проток на атмосферските води, со цел спречување на настанување поплави и обезбедување на чиста животна средина како еден од условите за квалитетен живот на населението.