Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Општина Илинден продолжува со реконструкција на ул. „9“

Општина Илинден продолжува со реконструкција на ул. „9“

Општина Илинден со засилено темпо продолжува со активностите за реконструкција на улица „9“ во населено место Илинден. Значаен инфраструктурен проект со кој ќе се модернизира една од главните сообраќајни врски, која секојдневно ја користат голем број граѓани.

Проектот опфаќа целосна реконструкција на коловозот во должина од околу 1.200 метри и широчина од 6 метри, како и изградба на тротоари од двете страни на улицата. Со реализација на овие активности се очекува значително подобрување на безбедноста и условите за непречено одвивање на сообраќајот.

Во текот на градежните работи, увид на терен изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека реконструкцијата е од особена важност, имајќи предвид дека улица „9“ поврзува повеќе населени места и патни правци. Како и дека на оваа улица се лоцирани неколку јавни објекти важни за граѓаните, меѓу кои зградата на Општината, ООУ „Гоце Делчев“ и Домот на култура „Илинден“.

Општина Илинден и во наредниот период продолжува со активностите за унапредување и модернизација на локалната инфраструктура, со цел создавање побезбедна и поквалитетна средина за живеење и подобрување на комуналните услови за сите граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email