Општина Илинден со Инклузивен саем го одбележа Меѓународниот ден на белиот стап

Во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап во Општина Илинден се одржа Инклузивен саем под мотото „Допри. Слушни. Почувствувај. Разбери.“ Настанот беше организиран во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ и Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје, со цел подигнување на јавната свест за лицата со оштетен вид, поттикнување на инклузијата […]
Честит 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ!
Целосно реконструирана улица „9“ во н.м Илинден

Општина Илинден целосно ја реконструираше улица „9“ во населеното место Илинден, капитален инфраструктурен проект од суштинско значење за подобрување на сообраќајната поврзаност, безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.
Се одржа конститутивна седница на Локалниот младински совет

Во просториите на Домот на култура „Илинден“ се одржа конститутивна седница на Локалниот младински совет на Општина Илинден, со што се создаваат услови за продолжување и унапредување на активностите насочени кон младите и нивното активно вклучување во локалните процеси на одлучување.
Општина Илинден започна нов проект за доградба на СОСУ „Илинден“

Во насока на континуирано унапредување на образовната инфраструктура и создавање современи услови за настава, Општина Илинден започна со реализација на нов капитален проект за доградба на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.
Општина Илинден започна изградба на нова канализациона мрежа на крак од ул. „19“ во н.м Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните и унапредување на комуналната инфраструктура во сите населени места.
Општина Илинден додели субвенции на над 150 првачиња

Општина Илинден од оваа година воведе нова мерка за финансиска поддршка на семејствата со деца кои го започнаа своето основно образование во учебната 2025/2026 година. Со мерката, која беше дел од предизборната програма на градоначалникот Александар Георгиевски, се опфатени над 150 првачиња запишани во општинските основни училишта.
Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Марино и Кадино

Општина Илинден продолжува со реализација на активности за подобрување и унапредување на локалната патна инфраструктура. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започна целосна реконструкција на три улични краци во населените места Марино и Кадино.
Известување за поставување втор асфалтен слој на улица „9“

Ве известуваме дека почнувајќи од утре 01.10.2026 година ( четврток ) и во наредните денови петок и сабота, со почеток од 9 часот ќе се изведуваат градежни работи за поставување на втор слој асфалт на улица „9“ на потегот од Халк банка до кружниот тек во Илинден.
Општина Илинден е дел од меѓународен проект со градови од Шпанија, Ирска и Босна и Херцеговина

Во рамки на меѓународната програма за размена на искуства и добри практики „NetZeroCities“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е дел од студиска посета на Сараево, Босна и Херцеговина, заедно со претставници од Мол де Вал, Шпанија и Галвеј, Ирска.