Општина Илинден започна со изградба на нов парк во населеното место Дељадровци

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за уредување и разубавување на јавните површини, со цел создавање поквалитетни услови за живот, рекреација и дружење на граѓаните. Во рамки на овие активности, предвидена е изградба на нов парк во населеното место Дељадровци.
Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Денес им оддаваме почит на храбрите борци и на нивниот непокор, што ги поставија темелите на македонската слобода и државност. За многу години!
Општина Илинден го одбележа 23. Октомври со положување цвеќе и шаховски турнир

Во пресрет на 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во н.м. Миладиновци се одржа свечено одбележување во чест на македонските револуционери и нивната борба за слобода и независност.
Општина Илинден започна со изградба на индустриската улица „Н10“ во н. Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон унапредување на патната мрежа и создавање поволни услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, започна изградбата на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден.
Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден

Општина Илинден целосно го реконструираше мултинаменското спортско игралиште во населба Илинден, при ПООУ „Гоце Делчев“, со што е создаден современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.
Градежна офанзива во Општина Илинден – асфалтирани шест улици во четири населени места

Општина Илинден продолжува со силна градежна офанзива и интензивни инвестиции во модернизација на локалната патна инфраструктура. Успешно е завршено асфалтирањето на шест улици во населените места Илинден, Мршевци, Марино и Кадино, во вкупна должина од околу 1.100 метри.
Хортикултурно уредување и зазеленување на јавните површини

Општина Илинден континуирано спроведува активности за уредување и разубавување на јавните простори, со цел создавање попријатна, поуредена и позелена животна средина за сите граѓани.
Општина Илинден започна со реконструкција на улица „11“ во н. Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување и модернизација на локалната патна мрежа, со цел создавање побезбедни и поквалитетни услови за одвивање на сообраќајот. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започната е реконструкција на улица „11“ во населба Илинден.
Целосно се обновува главната водоводна мрежа во н.м Кадино

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во градежните активности за санација на главната водоводна мрежа во должина од околу 650 метри во н.м Кадино. Во рамки на проектот, старите, дотраени и оштетени водоводни цевки се заменуваат со нови полиетиленски цевки Ф280, со што значително ќе се подобри функционалноста и сигурноста на водоводниот систем.
Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.