Годишен отчет за работењето на Општина Илинден за 2025 година

Општина Илинден го објави Годишниот отчет за работењето за 2025 година, во кој се презентирани реализираните активности, проекти и мерки спроведени во текот на годината. Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во отчетот се опфатени бројни проекти и интервенции во областа на патната и комуналната инфраструктура, образованието, културата, заштитата на животната средина, […]
Општина Илинден ги зголемува субвенциите за млади претприемачи

Општина Илинден, како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран раст на локалните економски зони и бизнис секторот, продолжува со активни мерки за создавање поволна бизнис клима и поттикнување на претприемништвото. За таа цел, Општина Илинден во 2023 година воведе субвенции за млади претприемачи кои имаат регистрирано трговско друштво со седиште на територија на […]
Во општина Илинден светиот крст кај Марио Димитријевски

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број […]
Одбележување на Водици 2026

По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден. За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2026 (понеделник), во 12:00 часот, […]
Општина Илинден ја зголемува финансиската поддршка за новороденчиња

Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства. Во рамки на овие заложби, Општина Илинден во 2022 година воведе субвенции за секое новородено бебе на територија на општина Илинден. Мерката се спроведува континуирано и досега […]
Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во […]
Среќна Нова 2026 година

Посакувам 2026 да биде година на многу работа и успеси на сите полиња, година со многу проекти кои ќе придонесат за подобар живот на сите жители на општина Илинден и Република Македонија. Нека биде 2026 година на разбирање, солидарност и нови можности. Ви посакувам среќни празници, многу радост, успех, топлина и благосостојба во Вашите домови.
Викенд исполнет со празнична магија на „Патека на радоста“

Плоштадот во населеното место Марино за време на викендот беше центар на празнична магија, радост и заедништво, каде голем број граѓани од сите возрасти уживаа во новогодишната магија на „Патека на радоста“, во организација на општествено одговорни компании и под покровителство на Општина Илинден. Настонот изобилуваше со богата и разновидна програма, наменета за сите возрасти, […]
Градоначалникот Александар Георгиевски со хуманитарна и образовна поддршка за учениците и здруженијата

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, реализираше хуманитарна и образовна активност, при што на учениците на кои им е најпотребно им подари смарт таблети. Таблетите беа доделени на ученици од трите основни општински училишта, со цел да им се овозможат еднакви услови и непречено следење на наставниот процес […]
Започна зимската идила „Патека на радоста“

Во рамки на новоизградениот парк-плоштад во населеното место Марино, вчера официјално започна новогодишната програма на „Патека на радоста“, реализирана под покровителство на Општина Илинден и во организација на неколку општествено одговорни компании. Првиот ден на посетителите им понуди богата и разновидна програма наменета за сите генерации. Најмалите имаа можност да се запознаат и да се […]