Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во н.м Марино

Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот современ урбан парк-плоштад во н.м Марино. Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и […]

Општина Илинден објавува повик за членови на Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание за млади

Општина Илинден, согласно Законот за младинско учество и младински политики, објавува повик за членови на Иницијативен одбор. Во Иницијативниот одбор може да членуваат поединци, претставници на младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои функционираат на територијата на Општина Илинден. Улогата на Иницијативниот Одбор е еднократна, односно телото […]

Општина Илинден продолжува да создава модерни и еднакви услови за образование за сите деца

Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во подобрување на условите за образование, ставајќи ги децата и нивниот развој во фокусот на локалната политика. Како општина со постојан демографски пораст, локалната самоуправа активно вложува во создавање современа и квалитетна едукативно-образовна средина за учениците од сите населени места. Градоначалникот Александар Георгиевски изврши обиколка на централното општинско основно […]

Одбележан празникот „Свети Трифун“

Со закројување на винова лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во н.м. Ајватовци, Општина Илинден традиционално го одбележа празникот посветен на заштитникот на лозарите – Св. Трифун. Чинот на закројување, како симбол на нов почеток и плодна година, се одржа во присуство на бројни граѓани, љубители на виното и поддржувачи на локалната традиција. Во […]

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски за првите 100 дена од новиот мандат

Во првите 100 дена од мојот нов мандат како градоначалник на Општина Илинден, покажавме дека довербата што повторно ни ја дадоа граѓаните значи уште поголема одговорност, посветеност и работа со јасна цел, континуиран развој и подобар квалитет на живот за граѓаните на Општина Илинден. Новиот мандат го започнавме со силно темпо во подобрување на патната […]

Потпишан меморандум за одржување на вториот регионален економски саем во Општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и компанијата „Панекс експо“ ДООЕЛ и годинава потпишаа меморандум за соработка, со кој официјално се потврдува организацијата на „Експо Илинден 2026“. Со овој меморандум се продолжува успешната соработка меѓу Општината и Панекс експо, со што втора година по ред ќе се одржи овој регионален економски саем чија цел е […]

Континуирана поддршка за учениците во СОСУ „Илинден“

Општина Илинден продолжува со вложувања во унапредување на образовниот процес и создавање современи услови за учење за сите ученици. Во таа насока, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на учениците во СОСУ „Илинден“ им додели 80 смарт таблети. Оваа активност е дел од заложбите на локалната самоуправа за модернизација на образованието и зајакнување на дигиталните […]

Општина Илинден потпиша меморандум за соработка со цел обезбедување на логопедски и дефектолошки услуги

Општина Илинден потпиша меморандум за соработка со Здружението за обезбедување на третман, застапување и унапредување на правата на лицата со попреченост „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“. Со потпишувањето на овој меморандум ќе се овозможи воспоставување нова социјална услуга во заедницата, која ќе опфати индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со […]

Одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и патрониот празник на детската градинка

Во Општина Илинден беше одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а воедно и 17-от патронен празник на детската градинка што го носи неговото име. Настанот започна во дворот на централниот објект на градинката, каде беше положено свежо цвеќе пред бистата на патронот. Цвеќе положија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, директорката […]

Општина Илинден објавува повик за доставување идеи, предлози и иницијативи за развој на социјалната заштита на локално ниво

Општина Илинден, во рамки на своите надлежности и заложби за унапредување на системот на социјална заштита и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објавува повик за доставување идеи, предлози и иницијативи насочени кон развој и унапредување на социјалната заштита на локално ниво. Право на учество имаат здруженија на граѓани и фондации, правни субјекти, физички […]