Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новогодишен базар „Патека на радоста“ 2026 година

Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготви интересни содржини за жителите, каде од 26 до 28 декември на новоизградениот парк – плоштад во н.м. Марино, под мотото ,,Патека на радоста” се одржува Новогодишен базар. Базарот, под покровителство на Општина Илинден и на неколку општествено одговорни компании, ќе понуди богата и […]

Успешно спроведена акцијата „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден успешно ја реализираше обемната акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во текот на активностите, на повеќе локации беа засадени повеќе од 600 садници од различни видови, со цел унапредување на квалитетот на воздухот, заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на граѓаните. Акцијата беше спроведена со […]

Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и заштитна ограда

Проектот за изградба на нов паркинг простор во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ е во завршна фаза. Општина Илинден со оваа инвестиција овозможи паркинг простор на површина од приближно 550м², со капацитет за од околу 30 возила, кој ќе се користи за потребите на училиштето, со што ќе се овозможат подобри услови за […]

Усвоен буџетот на Општина Илинден за 2026 година

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува 742.557.000 денари, односно над 12,5 милиони евра. Споредбено со минатата година, може да се забележи значителен пораст во средствата со коишто ќе располага Општината. При неговото креирање беа земени предвид остварените приходи и расходи од претходните години, како и реалните проекции за приходите […]

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, денес беше свечено отворена ликовната изложба „Кон светлината“ на академскиот уметник Новица Трајковски, истакнат творец чија работа е препознаена и ценета на национално и меѓународно ниво. Настанот беше проследен од бројни љубители на ликовната уметност, кои имаа можност да уживаат во делата на Трајковски и […]

Во завршна фаза изградбата на централна кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во завршните градежни активности за изградба на нова централна кујна во рамки на детската градинка „Гоце Делчев“, објект кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција. Станува збор за современ простор со вкупна површина од 300 м² на две нивоа. На долниот кат, ќе се наоѓа кујната, […]

Одржана четвртата седница на советот за превенција

Во рамки на подобрување на јавната безбедност на територија на општина Илинден, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со претставници од надлежни институции, ја одржа четвртата редовна седница на Локалниот Совет за превенција. На седницата, претставникот на Министерството за внатрешни работи, во својство на член на Советот, го презентираше извештајот со статистички показатели за […]

Општина Илинден продолжува со заштита на животната средина преку чистење на каналската мрежа

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали на територија на општината, при што во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река, на потегот од населеното место Миладиновци кон Текија и Дељадровци досега е исчистен дел во должина од 2.500 метри. Заклучно со овој […]

Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Општина Илинден и оваа година, во соработка со општествено одговорни компании, ќе го организира традиционалниот Новогодишен базар, кој ќе се одржи на новоизградениот парк – плоштад во населеното место Марино. Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, се одржа средба со македонскиот […]

Отпочна изградбата на улица „103“ во Јака

Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, се отпочнаа градежните работи за изградба на улица „103“ во населба Јака, во вкупна должина од 512 метри, тротоари од двете страни на улицата од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот. […]