Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Северна Македонија

Општина Илинден

Новости

Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите

Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.

Со поддршката на ваквите традиционални настани, Општина Илинден ја потврдува својата посветеност и континуирана заложба за зачувување и негување на духовните вредности и на традицијата.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email