Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Нови инвестиции во пумпните станици

Нови инвестиции во пумпните станици

Со цел унапредување на водоснабдувањето, зголемување на сигурноста на системот, намалување на потрошувачката на електрична енергија и оптимизација на водоводната инфраструктура, Општина Илинден реализираше низа инвестиции во современа опрема за пумпните станици и резервоарите на ЈКП „Водовод“ – Илинден.

Во препумпната станица Бунарџик инсталирани се две нови вертикални пумпи, со моќност од по 18 kW, наменети за препумпување на водата кон резервоарите во населените места Ајватовци и Бучинци. Истите се управувани преку индивидуални фреквентни регулатори, што претставува значително унапредување во начинот на функционирање на препумпната станица. Како дел од инвестицијата, извршена е и целосна промена и преадаптација на електричната инсталација, при што со реализација на овие активности се надминати долгогодишните технички ограничувања и се создадени услови за посигурно и поефикасно водоснабдување.

Во пумпната станица во н.м. Јурумлери, која има значајна улога во водоснабдувањето на населените места на територијата на општините Илинден, Гази Баба и Петровец, набавена и монтирана е нова пумпа со моќност од 30 kW. Пумпата е опремена со индивидуален фреквентен регулатор, со што се овозможува делумна автоматизација и подобра контрола на нејзината работа.

За пумпната станица ОКТА во Јурумлери набавена е потопна потисна пумпа со моќност од 23 kW во собирниот колектор, чија работата е комплетно автоматизирана и управувана со фрекфрентна регулација. Со набавката на оваа пумпа се обезбедува континуиран притисок во цевководот и заштита на постоечката механичка и електрична инсталација од хаварија. Исто така, извршена е замена на нисконапонски прекинувачи во Трафостаницата ОКТА која е дел од пумпната станица.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во современа опрема, со постепена автоматизација и модернизација на објектите на пумпните станици, со цел обезбедување континуирано, стабилно и ефикасно водоснабдување, како и испорака на здравствено исправна и безбедна вода за сите корисници.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email