Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните активности во локалната економска зона „Марино – Кадино“, каде што во тек е асфалтирање на улица „3“.
Увид во градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој информираше дека улицата се асфалтира во должина од околу 400 метри и широчина од 7 метри, како и систем за прифаќање и одведување на атмосферските води.
Со асфалтирањето на улицата значително ќе се подобри пристапноста до локалната економска зона, ќе се создадат услови за побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, а компаниите и стопанските субјекти ќе добијат подобри услови за непречено функционирање.
Со реализација на овој проект, Општина Илинден продолжува со континуирано унапредување на локалната инфраструктура и создавање современо и функционално деловно опкружување во економските зони.