Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Општина Илинден започна со реконструкција на пристапниот пат до гробиштата во н.м Мралино

Општина Илинден започна со реконструкција на пристапниот пат до гробиштата во н.м Мралино

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, Општина Илинден продолжува со интензивни активности за унапредување на локалната патна инфраструктура, при што се започнати активности за целосна санација на пристапен пат до гробиштата во населеното место Мралино, во должина од околу 500 метри.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности и истакна дека реконструкцијата на овој пат претставува исполнување на едно од барањата на жителите од ова населено место.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со активности за реконструкција и санација на повеќе улици, согласно потребите и приоритетите на граѓаните. Целта е подобрување на условите за секојдневно одвивање на сообраќајот, унапредување на патната инфраструктура и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со санацијата на патниот правец, жителите на н.м. Мралино ќе добијат подобар и побезбеден пристап до своите објекти, поседи, парцели и домови, а првенствено ќе се подобри пристапот до локалните гробишта.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости
Стартува „ИЛИНДЕН КУП 2026“