Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Започна изградба на ул. „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“

Започна изградба на ул. „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“

Општина Илинден започна со реализација на проектот за изградба на улица „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“, како дел од континуираните активности за унапредување на патната инфраструктура во економските зони на општината.

Увид во почетокот на градежните работи направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека проектот предвидува целосна изградба на улицата во должина од околу 450 метри и широчина од 6 метри.

„Станува збор за една од клучните сообраќајни врски во локалната економска зона, чија изградба ќе овозможи подобра пристапност, побезбедно одвивање на сообраќајот и поефикасно функционирање на стопанските субјекти што работат во зоната и придонесуваат за севкупниот локален економски развој.“ – изјави градоначалникот Георгиевски.

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден ја продолжува својата развојна политика насочена кон модернизација на локалната патна инфраструктура и обезбедувањето поквалитетни услови за секојдневно функционирање на стопанските субјекти во локалните економски зони.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email