Пред огромен број љубители на спортот, на спортскиот терен во населеното место Мршевци, се одржа дванаесеттиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2026“. На турнирот оваа година учествуваа 32 екипи, кои се натпреваруваа во осум групи.
На финалниот натпревар, првото место го освои екипата на „Компанија Атанасовски“, второто место ѝ припадна на екипата „Мега Лифтови“, додека третото место го освои „Алу Рол“. За најдобар играч беше прогласен Бојан Јанев од екипата на Компанија Атанасовски, а признанието за најдобар голман му припадна на Филип Лазаревски од екипата на Мега Лифтови.
Општина Илинден и оваа година го поддржа турнирот, а градоначалникот Александар Георгиевски, кој присуствуваше на финалниот натпревар, на најдобрите им додели признание за постигнатиот успех. Тој истакна дека поддршката на Општина Илинден ќе продолжи и во иднина, како за турнирот во Мршевци, така и за останатите спортски настани што придонесуваат за развојот на спортот и поттикнување на спортскиот дух во општината.