Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Општина Илинден започна иницијатива за примарна селекција на пластичен отпад

Општина Илинден започна иницијатива за примарна селекција на пластичен отпад

Во насока на заштита на животната средина и развој на одржливите практики за управување со отпад, Општина Илинден, во соработка со Центарот за климатски промени и ЈКП Илинден, започна со воспоставување систем за примарна селекција на пластичен отпад.

Во рамки на првата фаза од иницијативата, во населеното место Јака беа бесплатно распределени корпи за селекција на пластичен отпад во 60 домаќинства, со што граѓаните добија можност активно да се вклучат во процесот на селекција и рециклирање на отпадот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека воспоставувањето на овој систем претставува значаен чекор кон намалување на отпадот, зачувување на животната средина и создавање почисти и поуредени населени места. Како и дека со воведувањето на примарна селекција, се намалуваат количините отпад што завршуваат на депониите, се придонесува кон зачувување на природните ресурси и развојот на циркуларна економија.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со активности во оваа насока, со цел да бидат опфатени што поголем број домаќинства и заеднички со граѓаните да се придонесе кон поздрава и почиста животна средина.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email