Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Комплетно асфалтирана улица „111“ во месноста Јака

Комплетно асфалтирана улица „111“ во месноста Јака

Општина Илинден успешно го реализираше проектот за изградба на улица „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино, со што е завршен уште еден значаен инфраструктурен зафат насочен кон подобрување на условите за живот на граѓаните.

Улицата е целосно асфалтирана, во вкупна должина од 550 метри и широчина на колвозот од 6 метри. Во рамки на проектот изграден е и тротоар со широчина од 1,5 метри, како и отворен одводен канал за прифаќање и одведување на атмосферските води долж целата улица.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реализацијата на овој проект се комплетира мрежата на главни пристапни улици во месноста Јака, со што значително се подобрува безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината.

Проектот е реализиран со средства обезбедени од Владата на Република Македонија и претставува дел од континуираните инвестиции на Општина Илинден во модернизација и унапредување на патната и комуналната инфраструктура.

Локалната самоуправа и понатаму останува посветена на реализација на проекти кои придонесуваат за поквалитетни, побезбедни и посовремени услови за живот во сите населени места.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email