Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24.07.2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани.

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 08.07.2026 год. (среда) со почеток во 22:30 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во врска со објавениот Јавен повик за доделување еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2026 година за жителите на Општина Илинден објавен на ден 18.05.2026 година, се констатира дека предвидените финансиски средства за јавниот повик се исцрпени поради што согласно точка 5.5 Јавниот повик за доделување на еднократна парична […]

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 09.06.2026 год. (вторник ) со почеток во 22:30 часот, ќе се изврши првото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци. Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Илинден за 2026 […]

Општина Илинден и оваа година домаќин на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“

Под покровителство на Општина Илинден, и оваа година ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, традиционална културна манифестација која ги обединува љубителите на фолклорот, музиката и народната традиција. Настанот ќе се одржи на 28 мај 2026 година (четврток), во Домот на култура „Илинден“ во н.м Илинден, со богата програма исполнета со музика и традиционални […]

Усвоен буџетот на Општина Илинден за 2026 година

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува 742.557.000 денари, односно над 12,5 милиони евра. Споредбено со минатата година, може да се забележи значителен пораст во средствата со коишто ќе располага Општината. При неговото креирање беа земени предвид остварените приходи и расходи од претходните години, како и реалните проекции за приходите […]

Отворен ден со граѓаните на 28 ноември во просториите на Општина Илинден

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2026 година, при што во текот на месец ноември граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот буџет. За таа цел ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни […]

Во петок ќе се одржи крводарителна акција

Во општина Илинден ќе се спроведе крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” на 28.11.2025 година (петок) од 09:00 од 14:00 часот. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден ќе можат доброволно да даруваат крв. Ги покануваме сите хумани […]