Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Прашалник за дигитална писменост, пристап, вештини и доверба во дигиталната трансформација на локално ниво

Прашалник за дигитална писменост, пристап, вештини и доверба во дигиталната трансформација на локално ниво

Почитувани,

Ве молиме да одвоите 5–10 минути од Вашето време за пополнување на овој прашалник.

Зошто го добивате овој прашалник?

Како жителка/жител на Скопскиот плански регион, Ве покануваме да ги споделите Вашите искуства, ставови и потреби поврзани со користењето на дигитални технологии и услуги во секојдневниот живот.

Кој го спроведува истражувањето?

Овој прашалник се спроведува во рамки на проектот ПАДРИОН (Public Administrations facing Digital Transformation as a Community in the ADRION Area), кофинансиран од Европската Унија преку програмата Interreg IPA ADRION. Истражувањето го реализира Центарот за развој на Скопскиот плански регион (ЦРСПР), во соработка со општините од Скопскиот плански регион и релевантни локални партнери.

Цел на истражувањето

Целта е да се добијат релевантни податоци за:

• пристапот до интернет и дигитални технологии;
• користењето на дигитални алатки и услуги;
• нивото на дигитални вештини и дигитална писменост;
• користењето на општински и државни е-услуги;
• довербата и безбедноста при користење на интернет.

Собраните податоци ќе послужат како основа за креирање на локални дигитални агенди, развој на пилот-активности и унапредување на јавните политики за дигитална трансформација, со посебен фокус на вклученоста на жените од руралните средини.

Доверливост

Прашалникот е целосно анонимен. Не се собираат лични податоци, а одговорите ќе се користат исклучиво за аналитички и развојни цели во рамки на проектот ПАДРИОН.

Ви благодариме за Вашиот придонес!

За дополнителни информации и појаснувања, Ве молиме контактирајте нѐ на: contact@skopjeregion.gov.mk

ЛИНК ДО ПРАШАЛНИКОТ: https://forms.gle/qsiJazKg7ZjXHkCy8

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email