Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Поставена нова урбана опрема на детските игралишта низ општина Илинден

Општина Илинден продолжува со активностите за уредување и модернизација на јавните простори, со цел да обезбеди поквалитетни услови за живот на жителите во сите населени места. Во рамки на овие активности извршена е обнова и замена на дел од реквизитите на детските игралишта низ општината, како и поставување на нова урбана опрема.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВА НА ПОНУДИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Општина Илинден објавува Јавен повик за достава на понуди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Илинден, на дефиниранa локациja согласно Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Илинден донесена од Советот на општина Илинден под бр.08-760/6 од 27.03.2026 година (Сл.гласник на општина Илинден бр.3 од 02.04.2026 година). Локацијата што […]

Поставен камен-темелник за изградба на трибина при стадионот во н. Илинден

Со свечено поставување камен-темелник за изградба на нова трибина, Општина Илинден продолжува со унапредување на спортската инфраструктура на фудбалскиот стадион во населба Илинден. Проектот се реализира во повеќе етапи, при што во првата фаза, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, беше извршена целосна реконструкција и проширување на теренот. Поставена е нова вештачка трева, изградена […]

Започна градежната офанзива во Општина Илинден

Градежната офанзива во Општина Илинден започна со активностите за асфалтирање на новоизградената улица „103“ во м.в. Јака во н.м. Марино. Оваа улица е во вкупна должина од 512 метри и широчина од 6 метри, со тротоари од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид и […]

Бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во н.м Марино

Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот современ урбан парк-плоштад во н.м Марино. Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и […]

Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и заштитна ограда

Проектот за изградба на нов паркинг простор во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ е во завршна фаза. Општина Илинден со оваа инвестиција овозможи паркинг простор на површина од приближно 550м², со капацитет за од околу 30 возила, кој ќе се користи за потребите на училиштето, со што ќе се овозможат подобри услови за […]