Општина Илинден започна со реконструкција на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Општина Илинден продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и создавањето современи услови за спорт и рекреација во сите населени места. Во рамки на Програмата за реконструкција на спортски игралишта, започна реконструкцијата на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што граѓаните ќе добијат безбеден и функционален простор за спортски активности.
Општина Илинден пушти во употреба ново детско игралиште во н.м Марино

Во рамки на заложбите за унапредување на условите за квалитетен раст, развој и безбедно детство, Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на јавниот простор, при што деновиве во употреба беше пуштено ново современо детско игралиште во н.м Марино.
Поставена нова урбана опрема на детските игралишта низ општина Илинден

Општина Илинден продолжува со активностите за уредување и модернизација на јавните простори, со цел да обезбеди поквалитетни услови за живот на жителите во сите населени места. Во рамки на овие активности извршена е обнова и замена на дел од реквизитите на детските игралишта низ општината, како и поставување на нова урбана опрема.