Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Поставена нова урбана опрема на детските игралишта низ општина Илинден

Поставена нова урбана опрема на детските игралишта низ општина Илинден

Општина Илинден продолжува со активностите за уредување и модернизација на јавните простори, со цел да обезбеди поквалитетни услови за живот на жителите во сите населени места. Во рамки на овие активности извршена е обнова и замена на дел од реквизитите на детските игралишта низ општината, како и поставување на нова урбана опрема.

Во населеното место Кадино, на игралиштето кај Домот на културата се поставени нови детски содржини, меѓу кои лулашка, лизгалка и две фигури во облик на коњче. Дополнително, на игралиштето лоцирано помеѓу улиците „525“ и „500“ поставени се нова лизгалка, лулашка и клацкалка, како и две клупи и корпи за отпадоци.

На детското игралиште долж пешачката патека Марино-Кадино е извршено бетонирање на просторот, поставена е нова лулашка, клацкалката и две фигури во форма на коњче. Во населеното место Илинден, на игралиштето на улица „30“ дополнително се поставени нова лизгалка и клацкалка.

Исто така, во рамки на тековните активности поставена е и нова автобуска постојка во н.м Кадино кај „Пекабеско“.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, апелираше до граѓаните да покажат поголема грижа и одговорност кон јавната инфраструктура и урбаната опрема, при што истакна дека општината континуирано инвестира во изградба и одржување на детски игралишта, паркови и други јавни содржини, кои се на располагање за сите граѓани, а нивното чувување е заедничка обврска и предуслов за создавање на уредена, модерна и функционална локална заедница.

Општина Илинден ги повикуваат жителите навремено да пријавуваат евентуални оштетувања или несовесно користење на јавните добра, со цел истите да останат безбедни, уредни и достапни за сите. Грижата за заедничките простори придонесува за поквалитетна животна средина и подобри услови за живот за сите граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email