Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Северна Македонија

Општина Илинден

Новости

Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и заштитна ограда

Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и заштитна ограда

Проектот за изградба на нов паркинг простор во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ е во завршна фаза. Општина Илинден со оваа инвестиција овозможи паркинг простор на површина од приближно 550м², со капацитет за од околу 30 возила, кој ќе се користи за потребите на училиштето, со што ќе се овозможат подобри услови за работа и поголема сообраќајна уреденост во непосредната околина.

Во завршна фаза е и реализацијата на проектот за поставување нова заштитна ограда околу спортскиот комплекс „Драго Маневски“. Во рамки на активностите се изведуваат бетонски работи и се поставува ограда во должина од околу 250 метри, со што значително ќе се зголеми безбедноста на сите корисници на спортскиот простор.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во завршните фази на градежните активности и истакна дека ваквите проекти се насочени кон подобрување на условите за функционирање на образовните институции, како и кон унапредување на функционалноста и безбедноста на спортската инфраструктура.

Општина Илинден продолжува со посветена реализација на инфраструктурни проекти кои придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните и создавање современи услови за образование, спорт и рекреација.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email