Општина Илинден домаќин на Државното првенство во женски фудбал и футсал за основни училишта

Во Општина Илинден свечено беше отворено Државното првенство во женски фудбал и футсал за основни училишта, во организација на Училишниот спортски клуб „БРАМИЛ“, Сојузот на училишен спорт Илинден, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Општина Илинден. На првенството учествуваат осумте најдобри училишни екипи од државата, кои преку регионалните натпреварувања обезбедија пласман на завршниот турнир. […]
Oпштина Илинден објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клими или соларни панели

Општина Илинден, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, и оваа година продолжува со спроведување на Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, со цел унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. Со јавниот повик се предвидува кофинансирање во висина од 50 проценти од […]
Општина Илинден започна со асфалтирање на локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден започна со асфалтирање на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, проект од особено значење за подобрување на локалната патна инфраструктура и безбедноста во сообраќајот. Увид во градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека реконструкцијата на оваа делница претставува еден од приоритетните инфраструктурни проекти кој директно ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу населените места, […]
На прием кај градоначалникот на Општина Илинден претставници на проектот Еразмус+ од Шпанија

Градоначалникот Александар Георгиевски оствари прием со ученици и наставници од училиштето Иес Симон Перез од Шпанија, кои престојуваат во општина Илинден во рамки на проектот Еразмус+, што се реализира во соработка со ООУ „Гоце Делчев“. На средбата, градоначалникот Георгиевски им посака топло добредојде на гостите, истакнувајќи дека ваквите меѓународни образовни размени претставуваат значајна можност за […]
Успешно реализирана овогодинешната литературна манифестација „Денови на културата“

Со свечена централна манифестација што се одржа во Домот на култура „Илинден“, Општина Илинден успешно го заокружи тридневното културно збиднување „Денови на културата 2026“, кое и оваа година обедини бројни љубители на литературата, уметноста и културното творештво. На завршната вечер, пред многубројната публика, се обрати покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој […]
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со претставници од делагацијата на Херцег Нови

Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски оствари работна средба со претставници на Општина Херцег Нови, со цел воспоставување и унапредување на идната соработка во областа на културата и меѓународните односи. На средбата присуствуваше началничката за култура од Општина Херцег Нови, Ана Замбелиќ Пиштало, придружувана од ликовниот уметник Ѓуро Лабурда, писателката Вишња Косовиќ, […]
Млади таленти, литература и уметност на вториот ден од „Денови на културата 2026“

Вториот ден од манифестацијата „Денови на културата 2026“ во oпштина Илинден помина во духот на литературата, уметноста и младинската креативност, исполнувајќи го Домот на култура „Илинден“ со бројни културни содржини и богата уметничка програма. Во рамки на традиционалното Литературно матине за деца, беа презентирани најдобрите творби од литературниот награден конкурс на тема „Екскурзија во моето […]
Населба Илинден добива реконструирана водоводна мрежа на ул. „9“

Во рамки на заложбите за унапредување на комуналната инфраструктура и обезбедување поквалитетни услови за живот на граѓаните, Општина Илинден, во соработка со ЈКП „Водовод“, продолжува со активности за подобрување и модернизација на водоводната мрежа на територијата на општината. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за реконструкција на водоводната […]
Целосно реконструирано игралиштето при ООУ „Ристо Крле“ во Мралино

Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште во населеното место Мралино, современ спортско-рекреативен терен кој значително го менува изгледот и функционалноста на просторот и создава нов центар за спорт, дружење и активен живот на младите. Во рамки на реконструкцијата извршена е целосна обнова на спортскиот терен, поставена е нова заштитна ограда, нови голови […]
Започна манифестацијата „Денови на културата 2026“

Со изведбата на детската театарска претстава „Распеана турли тава“, денес, во Домот на култура „Илинден“ официјално започна традиционалната културна манифестација „Денови на културата 2026“ – „27. Литературна манифестација“, во организација на Општина Илинден. Во кино салата на Домот на култура „Илинден“, најмладите посетители имаа можност да уживаат во веселата и едукативна претстава „Распеана турли тава“, […]