ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВА НА ПОНУДИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
Општина Илинден објавува Јавен повик за достава на понуди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Илинден, на дефиниранa локациja согласно Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Илинден донесена од Советот на општина Илинден под бр.08-760/6 од 27.03.2026 година (Сл.гласник на општина Илинден бр.3 од 02.04.2026 година). Локацијата што […]
Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“

Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“. По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја […]
Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“

Во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден се одржа свечена приредба по повод испраќање на генерацијата дечиња кои од септември ќе ги започнат своите први училишни денови. Преку богата музичко-сценска програма, исполнета со песна и танц, дечињата ги претставија знаењата и вештините стекнати во градинката, испраќајќи порака на благодарност до своите воспитувачки и негувателки за […]
Одржана првата работилница за изработка на Стратешки план за развој

Се одржа Првата работилница за изработка на Стратешки план за развој на Општина Илинден за периодот 2027–2031 година, документ што ги дефинира развојните приоритети, стратешките цели и клучните проекти за локалната заедница. На работилницата присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека подготовката на новиот Стратешки план претставува значаен процес преку кој се […]
Во Општина Илинден се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“

Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. […]
Одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“

Во чест на патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во н.м Миладиновци, се одржа пригодна свеченост со која беше одбележано делото и значењето на Браќа Миладиновци за македонската просвета и култура. По тој повод, свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци положи делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, директорот […]
Општина Илинден и оваа година домаќин на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“

Под покровителство на Општина Илинден, и оваа година ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, традиционална културна манифестација која ги обединува љубителите на фолклорот, музиката и народната традиција. Настанот ќе се одржи на 28 мај 2026 година (четврток), во Домот на култура „Илинден“ во н.м Илинден, со богата програма исполнета со музика и традиционални […]
Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Герогиевски, потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери, со Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Со проектот се предвидува реконструкција на најоштетениот дел од патот, односно од потегот на улица „19“ во населба Илинден кон населеното место Јурумлери, во должина од околу половина километар и широчина […]
Во Бунарџик се одржа меморијалниот турнир во мал фудбал „Роберт Петковски“

Во населеното место Бунарџик во Општина Илинден се одржа меморијалниот турнир во мал фудбал, посветен на македонскиот бранител Роберт Петковски. Турнирот, кој има силно меморијално и спортско значење, и оваа година обедини голем број љубители на спортот од Општина Илинден и околината. Во текот на натпреварувачките денови беа одиграни повеќе возбудливи натпревари на кои учествуваа […]
Извршена втора ларвицидна дезинсекција

Во рамки на „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ за 2026 година, Општина Илинден спроведува активности за второ прскање против ларви од комарци на целата своја територија. Според елаборатот за превентивна дезинсекција со цел спречување и сузбивање на заболувања што се пренесуваат преку вектори, во овој период се […]