Денови на културата во Општина Илинден 2026 – „27. Литературна манифестација“

Општина Илинден и оваа година продолжува со негување и промоција на културата, литературата и уметноста преку манифестацијата „Денови на културата“, која ќе се одржи на 11, 12 и 13 мај 2026 година во Домот на култура „Илинден“. Манифестацијата започнува на 11 мај (понеделник), кога во кино салата на Домот на култура „Илинден“, со почеток во […]
Општина Илинден дел од еколошката акција „Генералка викенд“

Општина Илинден и оваа година активно се вклучи во големата еколошка акција „Генералка викенд“, која се реализира со цел подигнување на јавната свест за значењето на чистата и здрава животна средина. Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, општинската администрација, јавните комунални претпријатија, учениците и вработените од општинските училишта, како и голем број […]
Градоначалникот Александар Георгиевски оствари работна средба со Министерот Шабан Салиу

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со Министерот задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу. На средбата се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка и можностите за реализација на заеднички проекти од интерес на граѓаните. Беа разменети мислења и идеи за креирање политики и активности насочени кон подобрување […]
На посета кај градоначалникот Георгиевски делегација од Амбасадата на САД во Македонија

Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски, одржа работен состанок со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, на кој беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебната соработка и поддршка во реализација на проекти од значење за локалниот развој. На средбата присуствуваа политичкиот службеник и заменик-шеф на Одделот за политички и […]
Набавена нова градежна машина за потребите на ЈКП „Илинден“

Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во унапредување на комуналната инфраструктура и модернизација на механизацијата на јавните комунални претпријатија, со цел обезбедување поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните. Во таа насока, за потребите на ЈКП „Илинден“ е набавена нова градежна машина за извршување на повеќе комунални активности на територија на општината. Со новата механизација значително […]
Поставен камен-темелник за изградба на трибина при стадионот во н. Илинден

Со свечено поставување камен-темелник за изградба на нова трибина, Општина Илинден продолжува со унапредување на спортската инфраструктура на фудбалскиот стадион во населба Илинден. Проектот се реализира во повеќе етапи, при што во првата фаза, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, беше извршена целосна реконструкција и проширување на теренот. Поставена е нова вештачка трева, изградена […]
Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ и оваа година со достоинство и почит го одбележаа патрониот празник на училиштето и 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Одбележувањето започна со традиционално положување свежо цвеќе пред бистата на патронот, со што симболично беше оддадена почит кон неговото дело и придонес во борбата за […]
СОСУ „Илинден“ е прво училиште во државата со маса за текбол

Општина Илинден продолжува со вложувања во развојот на спортската инфраструктура и унапредување на условите за младите, при што денес во спортскиот комплекс „Драго Маневски“ се одржа промоција на нова текбол маса. Воведувањето на текбол, како современа и сè попопуларна спортска дисциплина, отвора нови можности за учениците и младите да ја подобрат својата координација, концентрација и […]
Општина Илинден започна со изградба на нова канализациона линија на ул. „8“ во н.м Илинден

Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на нова канализациона линија на ул. „8“ во населеното место Илинден со цел подобрување на комуналните услови за жителите. Новата канализациона мрежа ќе опфати вкупна должина од 130 метри и ќе се поврзе со веќе постојната фекална канализациона линија, која се влива во Фекалниот […]
„Експедиција низ срцето на Илинден 2026“ обедини стотици велосипедисти и планинари

Во Општина Илинден и оваа година успешно се реализираше традиционалниот спортско-рекреативен настан „Експедиција низ срцето на Илинден“, кој прераснува во препознатлива манифестација што обединува стотици љубители на спортот и природата од целата држава. Настанот, во организација на МТБ Илинден, а под покровителство на Општина Илинден, годинава евидентираше над 300 велосипедисти и повеќе од 150 планинари, […]