Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за уредување и разубавување на јавните површини, со цел создавање поквалитетни услови за живот, рекреација и дружење на граѓаните. Во рамки на овие активности, предвидена е изградба на нов парк во населеното место Дељадровци.
Новиот парк ќе биде уреден со пешачки патеки од бекатон плочки, зелени површини, детски реквизити и урбана опрема, со што жителите ќе добијат современ и функционален простор за одмор, рекреација и секојдневно дружење.
Во рамки на проектот е предвидено изградба на детско катче со кула и лизгалки, лулашка, метални клацкалки и фигура во форма на коњче. Дополнително, ќе биде поставен и летниковец, како и клупи за одмор, корпи за отпадоци и соодветно осветлување и уредување на просторот со декоративни елементи и зеленило.
Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден продолжува со заложбите за рамномерен развој на сите населени места, создавање нови зелени површини и обезбедување современи и безбедни простори за сите жители на општината.