Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски беше домаќин на настанот на кој беше реализирана донација на спортска и техничка опрема за фудбалските клубови од Регионалниот фудбалски сојуз Еден – Скопје. Заедно со претседателот на ФФМ Масер Омераѓиќ, тие доделија фудбалски топки, тренерки, лаптоп-компјутери и друга неопходна спортска опрема.
На настанот присуствуваа и градоначалниците на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и Општина Петровец, Борче Митевски како и претседателот на Регионалниот фудбалски сојуз Еден – Скопје.
Во своето обраќање, градоначалникот Георгиевски ја потенцираше важноста од континуирана поддршка за локалните фудбалски клубови и младите спортисти. Тој нагласувајќи дека вложувањето во спортот претставува вложување во здрави и активни генерации. Според него, фудбалските клубовите имаат значајна улога не само во спортскиот развој на децата, туку и во нивното воспитување, бидејќи преку спортот младите стекнуваат навики за дисциплина, тимска работа, одговорност и почит.
Општина Илинден останува посветена на создавање подобри услови за развој на спортот, со јасна цел – што повеќе деца да бидат активни на спортските терени, клубовите да располагаат со подобра опрема и услови за работа, а младите да растат во здрава и позитивна средина.