Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Соопштенија

Општина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладите

Општина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладите

Општина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование.

Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите или старателите кои сакаат да го остварат ова право потребно е да поднесат барање со соодветната документација преку Архивата на Општина Илинден. Деталите за условите, потребните документи и постапката за аплицирање се објавени на официјалната веб-страница на Општината.

Новата мерка има за цел да им помогне на семејствата во подготовките за почетокот на учебната година и да обезбеди дополнителна поддршка за најмладите ученици при нивниот прв чекор во образовниот процес. Паралелно со финансиската помош, Општината ќе продолжи и со досегашната практика на обезбедување ранци со училишен прибор за првачињата.

Финансиската поддршка е дел од Програмата за финансиска поддршка на жителите на Општина Илинден за 2026 година, преку која се спроведуваат повеќе мерки и активности наменети за поддршка на различни категории граѓани.

ЈАВЕН ПОВИК – ЛИНК (PDF)

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости
Честит Илинден!