Улица 9 бр. 38, 1041 Илинден • 02/2571-703
Република Македонија

Општина Илинден

Новости

Целосно реконструирана улица „9“ во н.м Илинден

Целосно реконструирана улица „9“ во н.м Илинден

Општина Илинден целосно ја реконструираше улица „9“ во населеното место Илинден, капитален инфраструктурен проект од суштинско значење за подобрување на сообраќајната поврзаност, безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.

Со реконструкцијата на улицата во должина од околу 1.200 метри и широчина од 6 метри, со изградбата на тротоари од двете страни, како и со уредување на водоводната и канализационата мрежа и останатата подземна инсталација, се заокружува еден капитален инфраструктурен зафат со кој се унапредуваат условите за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.

Улица „9“ претставува важна сообраќајна артерија која поврзува повеќе населени места и патни правци. Нејзината важност е дополнително нагласена и со фактот што долж неа се наоѓаат објекти од јавен интерес кои секојдневно ги користат голем број граѓани, меѓу кои зградата на Општина Илинден, ООУ „Гоце Делчев“ и Домот на култура „Илинден“.

„Реализацијата на овој проект е дел од континуираните активности на Општина Илинден за реконструкција, модернизација и унапредување на локалната инфраструктура. Преку вложувањата во улиците и патната мрежа, Општината создава подобри услови за секојдневно движење, полесна пристапност до јавните објекти и поефикасно поврзување на населените места.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти насочени кон развој на локалната инфраструктура, унапредување на комуналните услови и создавање современа, безбедна и квалитетна средина за живеење за сите граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email